Вучиќ: Кога имаше ваков конфликт во Македонија, светот тоа го сопираше, а денеска рекоа „убијте ги сите“

 

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на вечерашната вонредна прес-конференцијата по повод немирите на северот на Косово, ја спомена и Македонија.

„Обрнете внимание на уште еден детаљ. Кога имаше ваков вид на конфликт меѓу Македонија тогашна, денешна Северна Македонија, светот тоа го запираше, правеше разговори и договори, денеска рекоа „убијте ги сите“. Кога Србија одеше во Дреница, да се пресмета со тие кои сакаа отцепување од меѓународно признатите држави, тие рекоа дека тоа се борци за слобода, предводени од Адем Јашари, а не терористи. Само изгледа Србите се секогаш терористи“, изјави претседателот на Србија Александар Вучиќ во вонредното обраќање вечерва.

24.09.2023 - 20:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега