Времето денеска: Сончево, температури до 36 степени

 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 36 степени. UV=8

Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 35 степени.

До петок времето ќе биде стабилно со слаб до умерен јужен ветер и со пораст на температурата.

Во сабота во попладневните часови се очекува локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува засилен ветер од јужен, а во недела од северозападен правец, кој ќе предизвика опаѓање на температурата.

01.08.2023 - 09:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега