Битиќи: Дури и Германија ни порача дека нема ЕУ без уставни измени

 
Дури и Германија ни порача дека нема ЕУ без уставни измени, пишува на социјалните мрежи пратеникот Фатмир Битиќи, по повод отворањето на првите поглавја на Албанија за членство за  ЕУ. 
„Денес:
*Албанија ги отвори првите поглавја за членство во Европската Унија, голем чекор кој го покажува патот кон кој сите (треба да) се стремиме - искрени честитки до нашите соседи на Запад.
*Македонија заглавена поради неодговорните одлуки на политичари кои го кочат нашиот напредок. Дури и германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, јасно порача дека без уставни измени, Македонија нема да може да ги започне преговорите со Европската Унија.
Наместо да се фокусира на ова критично прашање, владата на ВМРО ДПМНЕ го троши времето на „дипломатски“ тури низ европски престолнини, додека дома, иднината на нашите млади генерации се уништува.
Нашите соседи го прават вистинскиот избор и итаат кон ЕУ, а нашите деца ја губат својата шанса за подобар живот и се заложници на систем кој се плаши од промени и напредок.
Европската иднина не е далечен сон – таа е достижна цел, но само доколку постои политичка волја и вистинска решителност да се донесат потребните одлуки за иднината на нашата татковина“, стои во објавата на Битиќи на ФБ.

15.10.2024 - 19:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега