Времето денеска сончево и топло, но утрото е свежо

 

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Од УХМР најавуваат дека во деновите од викендот ќе се задржи сончево време со свежи утра, но ќе биде релативно топло преку денот.

Во текот на ноќта кон понеделник ќе започне продор на студена воздушна маса од север, проследен со засилен северен ветер и со значително опаѓање на температурата, особено во северните делови од земјата. На почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен дожд, особено во вторник.

Во понеделник ќе дува умерен до засилен северен, а во вторник ќе засилува јужен ветер.

14.10.2023 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега