Се судрија автобус и комбе: Седум лица итно транспортирани во болница

 

На 11.10.2024 околу 06.50 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на експресниот пат Штип – Кочани, атар на Кочани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус „ивеко“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од О.М.(49) од Штип и возило комбе „фолксваген“ со штипски регистарски ознаки, управувано од З.С.(57) од Штип.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Л.П.(63) и Д.П.(40), двајцата од Штип, сопатници во комбето, додека со телесни повреди се здобиле возачот З.С. и сопатниците од неговото возило З.П.(62), Т.П.(30), Ј.С.(53) и малолетник, сите од Штип, констатирани во Клиничка болница Штип. Увид на местото извршила екипа од ОВР Кочани.

12.10.2024 - 12:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега