Времен сообраќаен режим на улица „Александар Урдаревски“
ЈП Улици и патишта Скопје соопшти дека поради изведба на градежни активности за асфалтирање на дел од коловозот на улицата „Александар Урдаревски“, во општина Бутел, на потегот од крстосницата кај населеното место Кучевишка бара кон обиколница ќе биде воспоставен времен сообраќаен режим.
Времениот режим ќе биде обележан со соодветна сигнализација, а асфалтирањето ќе се одвива денеска од 08:00 до 15:00 часот во едната насока и ќе биде зафатена само една коловозна лента.
ЈП Улици и патишта Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа