Враќање на Дејвид Камерон: поранешниот премиер назначен за министер за надворешни работи на Велика Британија

 

Поранешниот британски премиер Дејвид Камерон е назначен за нов министер за надворешни работи на земјата. На таа функција го замени Џејмс Клеверли, кој премина на функцијата министер за внатрешни работи.

Претходно беше разрешена претходната министерка за внатрешни работи Суела Брејверман, а како официјална причина беше наведена реконструкцијата на владата.

Промената дојде откако таа рече дека полицијата била „премногу мека“ кон „пропалестинската толпа“, а протестите за време на викендот за поддршка на Палестинците биле „маршеви на омраза“, пренесува Гардијан.

Критичарите велат дека нејзиниот став помогнал да ги поттикне тензиите и да ги охрабри десничарските демонстранти да излезат на улиците на Лондон, ставајќи го премиерот Риши Сунак под притисок да преземе акција, наведува агенцијата.

13.11.2023 - 12:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега