Вработените во Секретаријатот и стручните единици на МАНУ на штрајк поради ниски плати
Членовите на Синдикалната организација на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), во која членуваат вработените во Секретаријатот и стручните единици на МАНУ, на 9 февруари 2023 ќе стапат во штрајк поради ниски плати, соопшти Сојуз на синдикатите на Македонија.
Како што се наведува во известувањетпо, ова е првпат во 56-годишното постоење на МАНУ вработените во Секретаријатот и стручните единици да стапат во штрајк.
-Причина за штрајкот се недостоинствено ниските плати на вработените во Секретаријатот и стручните единици на МАНУ, кои се далеку под просечната плата во РС Македонија, односно малку над минималната плата. Според Законот за МАНУ, МАНУ е највисоката самостојна научна и уметничка институција во државата, соопшти Сојуз на синдикатите на Македонија.
Во штрајкот нема да учествуваат академиците на МАНУ, ни научните соработници вработени во истражувачките центри на МАНУ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа