Вработените во Дрисла на службен разговор: Полицијата истражува дали имаат вмешаност во потпалувањето на депонијата

 


Полициски службеници ги повикуваат вработените во Дрисла на службени разговори, дозвава Press24. Во текот на денот се очекува на службен разговор да бидат повикани раководните лица и дирекоторот на Јавното претпријатие Депонија Дрисла Самир Хусени.

Од МВР официјално потврдуваат дека досега одземена е документација Јавното претпријатие, но дека и вчера извршиле службени разговори со дел од вработените, но и оти тие продолжуваат и денеска.

-По претходно одземена документација во Дрисла од страна на полициски службеници од СВР Скопје, во текот на вчерашниот ден полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција во Дрисла извршија службени разговори со вработените. Проверките продолжуваат и понатаму, велат од МВР.

Вчера, шефот на Кризниот штаб и директор на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов на прес-конференција кажа дека во Дрисла влегле припадници на криминалистичката полиција.

-Не зборуваме за некој конкретно осомничен, туку едноставно ќе позборуваат со повеќето вработени, да видиме дали постои можност некој од внатре да учествува во подметнувањето на пожарот или можеби некој однадвор доаѓа до самата депонија, како што реков, преку овие ридишта. Било кој физички малку поспремен може да дојде со канта бензин или доволно е шише бензин, затоа што се работи за запаливи гасови, да го подметне пожарот, рече Ангелов.

Досега и премиерот Христијан Мицкоски и Ангелов неколку пати изразија сомнеж дека депонијата Дрисла е намерно запалена. Само неколку денови пред да се случи хаваријата гореше и дивата депонија Вардариште, која ги натера аеродромци секој ден да излегуваат на протести и да бараат решение за Вардариште.

13.09.2025 - 12:54

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега