Вознемирувачко видео: Ексклузивна снимка од пукањето во „Ист Гејт“

 

Вознемирувачко видео од пукањето во Ист Гејт Мол, објави Курир.

На видеото се гледа како двајцата сега веќе повредени излегуваат од теретана и се упатуваат кон најблискиот излез и скали.

Од зад грб приоѓа лицето кое на себе има и слушалки и црна капа, по што пука кон нив и бега.

Инаку по денешното пукање во „Ист гејт мол“, едно лице е во критична состојба, а друго е пренесено на Клиниката за торакална хирургија. 

Министерството за внатрешни работи потврди дека имало пукање во овој скопски трговски центар, екипи на МВР се на терен и работат на расчистување на случајот.

24.10.2023 - 17:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега