Возел пијан - ќе одговара кривично

На 19.05.2025 во 01.10 часот во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишија од слобода Г.А.(53) од Кочани. При сообраќајна контрола на ул.„Димитар Влахов“ е сопрено патничко возило „фолксваген“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,86 промили алкохол во крвта.
Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
19.05.2025 - 09:50
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа