Излетал со „голф“ и удрил во ограда во Кучевиште: Повредени двајца тинејџери
Во СВР - Скопје во текот на вчерашниот ден било пријавено дека во 22:30 часот во село Кучевиште, скопско, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.З., на возраст од 19 години од село Долно Коњари, општина Петровец, излетало од патот и удрило во ограда.
Во несреќата, возачот Ш.З. се здобил со тешки телесни повреди, додека сопатникот М.Х., на возраст од 19 години од Скопје, се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР - Скопје.
18.05.2025 - 13:44
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа