Вооружен напад во Турција: Загина градоначалник и неговиот возач

 


Градоначалникот на Балашеих, и неговиот возач загинаа денеска во воружен напад. Ова го соопшти гувернерот на централниот турски округ Мехмет Макас, цитиран од Си-Ен-Ен Турк, додавајќи дека во нападот биле повредени уште три лица.

Хилми Шен (50) бил тешко ранет во престрелката, но подоцна им подлегнал на повредите. Во вооружениот напад загинал и Микаил Челикол, шофер на Шен, а три лица се повредени и сите се примени во болница.

Нападот го извршил лице со иницјиали Е.Ш. кој бил роднина на градоначалникот, и бил приведен. Засега не се познати мотивите за убиството.

04.11.2024 - 13:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега