Суд во Израел: Објавените и фалсификувани документи ги компромитираат мировните преговори

 

Според израелскиот суд, протекувањето и фалсификувањето на документите во кои е вмешан близок соработник на премиерот можеби предизвикал прекин на мировните преговори. Документите кои стигнаа до британскиот „Еврејски хроник“ и германскиот таблоид „Билд“ се појавија во критичен момент од преговорите за ослободување на заложниците.

Овие документи тврдеа дека Хамас планирал да прошверцува израелски заложници во Египет, загрозувајќи го секој можен мировен договор. Повеќе од 100 заложници, од вкупно 251 земен од Хамас на 7 октомври 2023 година, сè уште се држат и не се знае каде се наоѓаат.

Политичките коментатори веруваат дека протекувањето на документите било намерно, за да се заштити премиерот Нетанјаху, кој се соочува со можност за кривична пријава за наводно примање мито.

Бени Ганц, кој до неодамна беше член на воениот кабинет на Нетанјаху, рече дека ако се користат чувствителни безбедносни информации во „кампања за политички опстанок“, тоа не е само злосторство, туку и „злосторство против нацијата“.

 

Опозицискиот лидер Јаир Лапид рече дека ако премиерот бил свесен за протекувањето, „тој е соучесник во едно од најсериозните нарушувања на безбедноста“ и дека ако не бил свесен, не треба да биде на функцијата.

Британски Гардијан, исто така, објави дека семејствата на заложниците рекле дека тоа е „морален пад кој нема дно“ и дека претставува „фатално нарушување на преостанатата доверба меѓу владата и нејзините граѓани“.

04.11.2024 - 22:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега