Вонредни инспекции во прилепската болница по смртта на новороденчето со сепса

 

 

Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе изврши вонреден инспекциски надзор во Прилепската болница по смртта на новороденчето старо десетина дена кои почина од сепса.

Бебето било родено во болницата во Прилеп, а потоа префрлено на Детската клиника во Скопје каде по една недела почина.

Случајот го обелодени вчера мајката на починатото бебе на социјалните мрежи. Како што сведочи, бебето најпрви било третирано од жолтица, а во прилепската болница и рекле ќе биде пратено Скопје и дека таму имале подобри апарати. Дента на хоспитализирање на Детската клиника, раскажа мајката, и’ кажале дека е инфекција, а по два дена испитувања дека детето фатило тешка сепса и како такво било донесено од Прилепската Болница.

Од Болницата во Прилеп во текот на вчерашниот ден кажаа дека бебето развило потешкотии со дишењето, медицинските лица му зеле крв за анализа, а поставена била и инфузиона, двојна антибиотска терапија, но по консултација со лекар од Клиниката за детски болести, било транспортирано во Скопје.

Од Детската клиника, пак, вчера посочија дека бебето кај нив било донесено од прилепската болница во исклучително тешка здравствена сосојба. Примено било на одделот за интензивна нега, потоа и интубирано, а откажале и бубрезите. Од тука додадоа дека според клиничките и биохемиските параметри, се работи за рана неонатална сепса, што се појавува првите четири дена и најчесто, инфекцијата настанува при самото раѓање.

13.11.2023 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега