Милошоски: Министерот за правда има слаби перформанси
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски вечерва истакна дека министерот за правда и дел од владината коалиција ЗНАМ, Игор Филков, имал слаби перформанси.
Како што вели, ова е негово лично мислење.
„Ова е мој личен став, јас сметам дека министерот за правда има слаби перформанси по однос на обврските кои што ги има преземено за реформите во правосудството“, вели Милошоски во емисијата Топ тема на телевизија Телма.
Тој додава дека се согласува дека има навистина слаб придонес од страна на Филков.
01.04.2025 - 20:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа