ВО ЖИВО: Прво обраќање на Вучиќ за немирите во Косово
Српскиот претседател, Александар Вучиќ, се обраќа за немирите што од синоќа се случуваат на северот на Косово, кај селото Бањска.
- Според досегашните информации на властите во Приштина, вооружена група пукала кон косовски полицајци, пришто еден загина, а други двајца беа повредени.
- Во престрелките што траеа во текот на целиот ден, според информациите на косовската полиција, застрелани беа три лица од вооружената група, а приведени петмина.
- Меѓународната заедница ги осуди нападите.
- Вооружената група потоа упадна во дворот на Бањскиот манастир, а верниците и свештените лица останаа внатре. Рашко-призренска епархија по неколку часа објави дека групата се повлекла и во манастирот е мирно, но има неизвесност и загриженост кај монасите и верниците.
- Косовскиот премиер, Албин Курти, за состојбата на северот директно ја обвини Србија дека ги финансирала и поддржала напаѓачите, опишувајќи ги настаните како терориризам.
- Во близина на манастирот, во хотел има и седум македонски државјани, меѓу кои и дете. Косовска полиција го обезбедува хотелот, велат од МНР.
24.09.2023 - 20:17
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа