ВО ЖИВО: Централен настан по повод 11. октомври во Куманово
Централен настан за одбележување на 11 Октомври – Ден на народното востание, што се одржува кај Спомен костурницата во Куманово.
Празникот се одбележува под мотото „Непокор и слобода“.
Чествувањето почна со положување цвеќе пред Спомен – костурницата, по што следува обраќање на премиерот Димитар Ковачевски и културно – уметничка програма.
Во владината делегација предводена од Ковачевски, се вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и министрите за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за култура Бисера Костадиновска Стојчевска и за информатичко општество Азир Алиу. Присутни се и делегации на Собранието, Кабинетот на Претседателот, Армијата, локалната самоуправа, амбасади.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа