Хорор во Германија: Имале само пет и две годинки, татко си ги убил децата, па се самоубил
Утрово во Нојмарк, Германија се случи семејна трагедија.
Полицијата пронашла три безживотни тела - татко и неговите две малолетни деца.
Според првичните информации, 53 годишниот татко прво ги убил своите деца - петгодишно момче и двегодишното девојче, а потоа извршил самоубиство.
Полицијата добила дојава околу 8:30 часот изутринава, по што веднаш се упатила на местото на настанот.
"Овој вид на трагедија ги шокира сите, особено нас кои сме родители. Моите мисли се со семејството и сите погодени во овој мал град", изјави Томас Хениг, локален функционер на ЦДУ.
Мотивот за злосторството се уште не е познат, а полицијата продолжува со истрагата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа