Мицкоски за Борис Трајковски: Македонија тогаш загуби државник со визија

 

Премиерот Христијан Мицкоски преку социјалната мрежа Фејсбук рече дека Македонија никогаш нема да го заборави поранешниот претседател на државата Борис Трајковски кој на денешен ден во 2004 година трагично загина во авионска несреќа.

-Денес се навршуваат 21 година од трагичната авионска несреќа во која загина претседателот Борис Трајковски, заедно со неговите соработници и екипажот на авионот. Македонија тогаш загуби државник со визија, лидер кој веруваше во помирување, стабилност и европска иднина на татковината. Борис Трајковски ќе остане запаметен по својата посветеност, смиреност и решителност во најтешките моменти за државата. Неговите заложби за мир, соработка и интеграција се вредности кои и денес остануваат пример за сите нас. Вечна му слава! Македонија никогаш нема да го заборави, вели Мицкоски.

26.02.2025 - 10:36

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега