Во Загреб однесени уште тројца пациенти

 

По првите двајца македонски пациенти кои со изгореници веќе се лекуваат во Загреб, денеска во главниот град на Хрватска беа донесени уште тројца поврдени од трагедијата во ноќниот клуб во Кочани.

Сите се во стабилна состојба и надвор од животна опасност, изјави попладнево министерката за здравство на Хрватска, Ирена Хрстиќ.

„Денеска се примени три нови пациенти – две жени и еден маж. Малолетник и двајца возрасни. Сите тројца се надвор од животна опасност и ќе бидат сместени во Одделот за изгореници на КБЦ „Сестре милосрднице“, рече министерката по седницата на Владата, јавија хрватски медиуми.

Претходно беа примени двајца пациенти, од кои едниот остана на Одделот за изгореници во Клиничката болница Сестре Милосрднице, додека другиот поради добрата општа состојба и помладата возраст е префрлен во Детска болница

Министерката повтори дека Хрватска стои на располагање на Северна Македонија за прифаќање повреднеи со изгореници, но според последните информации засега нема да пристигнуваат нови пациенти. Таа додаде дека комуникацијата со македонските власти е постојано отворена, па до вечерва ќе се види дали ќе има промени. Таа рече и дека лично нема информации дали е обезбедено сместување во Загреб за семејствата на македонските пациенти, но не се сомнева дека и тоа ќе се реши.

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ претходно на владина седница рече дека македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски доаѓа во Хрватска и дека заедно со министерката Хрстиќ ќе ги посети пациентите од Кочани во болниците во Загреб.

19.03.2025 - 19:13

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега