Во среда во Липково ДУИ излегува на улица

 


ДУИ во среда во Липково го почнува она што тие го нарекуваат средби на ограноците со граѓаните. Информацијата утрово ја потврдија во писмено соопштение.

Централното претседателство на ДУИ ја прифати иницијативата на своите ограноци за одржување на состаноци на ограноците со отворен карактер, со присуство на народ, со присуство на граѓани, на кои ќе учествува и највисокото раководство на ДУИ. Средбите со ограноците со народот почнуваат од среда, каде што првата средба ќе се одржи во Липково во 19 часот, а потоа продолжуваат со втората средба што ќе се одржи во Сарај – се вели во соопштението на ДУИ.

Партијата вчера одржа состанок на централното претседателство на кој беа потврдени позициите кои партиските функционери ги споделуваат во јавност откако заминаа во опозиција. Барањата се движат од ветинг, проверка на потекло на имот, истрага на политички партии па се до истрага на целата постапка на приватизацијата. Од партијата констатираат дека во земјава биле нарушени меѓуетничките односи.

22.10.2024 - 11:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега