Во сообраќајна несреќа кај Пожаревац загина српски помошник министер за труд

 

Во сообраќајната несреќа што се случи синоќа околу 1.30 часот во градот Љубичево кај Пожаревац, учествувале автомобил „пежо 508“ и камион „ман“, а две лица загинале.

– Станува збор за Милош Ковачевиќ (1992), вршител на должноста помошник министер за труд, вработување, ветерани и социјални работи, од Одделението за заштита на борците и инвалидите, кој бил сопатник во автомобилот, како и возачот на автомобилот Д.Б.(1957). Истрагата ја спроведе обвинителот на Основното јавно обвинителство во Пожаревац, се наведува во соопштението на српското МВР.

26.08.2023 - 13:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега