Во Општина Зрновци ќе се реконструираат улици: Потпишан договор вреден 7,5 милиони денари

 


Во насока на  унапредување на патната инфраструктура во општинскиот центар Зрновци,  градоначалникот Борчо Коцев, со избраниот економски оператор, потпиша договорот за реализација на проектот „Изградба и реконструкција на општински улици“, чија  вредност изнесува 7.478.789,14 денари со вклучен ДДВ.

Проектот опфаќа изградба и реконструкција на улиците  „Илинденска“ – крак 3, 4, 5 и 6, „Маршал Тито“ – крак 1, „Тодор Арсов“ – дел за реконструкциј, „Гоце Делчев“ – од раскрсница кај училиштето и нов крак на истата, потоа, реконструкција  на сообраќајниот мост на местото викано „Соколана“, како и реконструкција на улицата „Први Мај“ до местото Марена и плоштадот.

 - Овој проект е дел од нашата визија и програма за континуирано подобрување на урбаната структура и безбедноста на сообраќајот, како и подигнување на квалитетот на живот на граѓаните, информира градоначалникот Коцев.

Работата на терен ќе започне веднаш откако изведувачот на работите ќе ги прими надлежностите од надзорниот орган.

06.08.2025 - 12:28

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега