Во општина Центар Жупа седумдневна жалост за настраданите во земјотресот во Турција
Советот на општина Центар Жупа на вчерашната попладневна вонредна седница донесе одлука со која во општината се прогласува седумдневна жалост за жртвите од катастрофалниот земјотрес во Турција, информираше за МИА градоначалникот Аријан Ибраим.
Знамињата во оваа општина се спуштени на половина копје.
- Многу не погоди оваа трагедија, тагата во нашите срца е огромна. Нашите мисли и молитви се со жителите на братска Турција. Изразуваме длабоко сочувство до семејствата на настраданите а на повредените им посакуваме побрзо закрепнување. Во општината веќе се собира хуманитарна помош, рече Ибраим.
Советот на општината утре на вонредна седница ќе донесе одлука за износот на финансиска помош која ќе биде доделена за настраданите подрачја.
07.02.2023 - 15:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа