Мицкоски: Пазарната инспекција утврди дека повеќе од половина од дискотеките кои имале лиценци

Премиерот Христијан Мицкоски во своето гостување во „Тема на денот“ во дневникот на Сител Телевизија истакна дека по извршените контроли во дискотеките утврдено е дека повеќето од половината кои имале лиценци, не исполнуваат услови, и потенцираше дека ќе има забрани за вршење на дејност за сите кои не исполнуваат услови.
„Денеска пред да дојдам на ова интервју добив информација од Државниот пазарен инспекторат дека се провери повеќе од 60-70 локали. Дури и оние кои имаат важечки лиценци, повеќето од половина не ги исполнуваат минималните технички услови. И тоа е најголемиот проблем.“, изјави премиерот Христијан Мицкоски,
Премиерот Мицкоски додаде дека разговарано е и со претседателот на ЗЕЛС под итно да закаже Управен одбор, да се проверат сите оние објекти кои се под општинска надлежност.
„Комуналните инспектори да излезат на терен, да ги проверат настрешниците, терасите. Нема назад, тргнавме. Или ќе победи таа мафија која со децении трае или ќе победат народот и државата. Ние сме на страната на народот и државата и одиме до крај. Ќе добијат решителност.“, рече премиерот Мицкоски.
19.03.2025 - 19:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа