Во морето пронајдено тело на Италијанец кој исчезна во невреме
Во текот на вчерашниот ден, во морето кај пристаништето Новиград во Хрватска е забележано тело на маж, и се претпоставува дека се работи за 71-годишен италијански државјанин кој во петокот поради невреме паднал од едрилица.
По еднодневната потрага телото било забележано од туристички брод.
Со вештачење на телото е утврдено дека причина за смртта е давење, а надлежното обвинителство нареди обдукција.
Веста за исчезнување на машко лице по пад од едрилица во морето кај Новиград во Истра, МРЦЦ Риека ја пријавила до службениците на пристанишната управа на Пула во петокот околу 16 часот и 15 минути, по што била започната координирана операција за пребарување.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа