Во Ерусалим уапсена жена која прошета во костим за капење пред Ѕидот на плачот
Израелската полиција вчера уапси 35-годишна жена, кој прошета во костим за капење пред Ѕидот на плачот во Ерусалим.
Жената се соблече во зелен дводелен костим за капење во знак на протест против предлог-законот, со кој секој што ќе се појави пред Ѕидот на плачот во „нескромна облека“ ќе биде и казнет со шестмесечна затворска казна. Со тоа таа се обиде да поттикне повеќе жени да протестираат.
Рабинот Шмуел Рабинович рече дека е шокиран и ужаснат од провокацијата која „ја нарушува светоста на местото“.
- Оваа локација е света за сите Евреи и е забранета за какви било контроверзии и провокации, наведе рабинот Рабинович.
Предлог-законот кој ќе се воведе остра казна предизвика бурни реакции во јавноста, поради што премиерот Бенјамин Нетанјаху беше принуден засега да се откаже од законот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа