Во Демир Капија близу 58 отсто излезност до 17 часот, во Неготино близу 56 проценти


Во Демир Капија е регистрирана 57.82 проценти излезност на претседателските избори и 57.67 отсто излезност на парламентарните избори, до 17 часот. Во Неготино, до тој  период, евидентирана е излезност од 55.76 отсто на претседателски и 55.63 проценти на парламентарни избори. За ова информираа од општинските изборни комисии.  

Во Неготино се гласа на 28 избирачки места, информираше замeник претседателката на Општинска изборна комисија, Елена Кузманова.  

Во Демир Капија, како што информираше Благој Јовановски, претседател на ОИК, се гласа на 11 избирачки места. 

08.05.2024 - 18:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега