Во Црна Гора не може да се резервира место со оставање пешкири, казните се до 100 евра

 

 

Секретаријатот за инспекциски и комунален надзор на општина Тиват организираше акции за отстранување на пешкири, пластични шишиња и други предмети со кои посетителите на Тиватските плажи се обидуваат да резервираат место за следниот ден.

Од локалната администрација на Тиват велат дека нема да го толерираат ова и апелираат до граѓаните да не ги оставаат споменатите предмети на плажите.

Казната за овој прекршок е 100 евра за физички лица и до 7.000 евра за правни лица.

Службениците на Комуналната полиција ги предупредуваат корисниците на плажите дека тие што ќе ги остават овие предмети ќе бидат казнети.

Најавија дека ќе продолжат со понатамошни активности за сузбивање на оваа појава.

 
01.08.2023 - 19:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега