Во четвртиот квартал од 2023 имало 9 518 слободни работни места
Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2023 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.90 %. Бројот на пополнети работни места изнесувал 491 188, а на слободни 9 518.
Највисока стапка на слободни работни места од 3.44 % има секторот Градежништво, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.47 %.
Деловните субјекти со број на вработени од 250 и повеќе имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2.05 %.
Највисока стапка на слободни работни места има Пелагонискиот регион 2.62 %.
Најголем број слободни работни места 2 656, има во група на занимања – Работници во услужни дејности и продажба.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа