Земјотрес ја стресе Македонија

 

Од Сеизмолошка опсерваторија добиено е следното известување:

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Р.С.Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум територијата на државата, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 01:10 часот на 01.02.2025 година, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 10 км источно од градот Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.5.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во градот Скопје и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

01.02.2025 - 10:27

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега