ВМРО-ДПМНЕ: За три години ќе изградиме уште 28 спортски сали - се оди според планот

 


Физичката активност на учениците е од исклучително значење за тие да можат правилно да растат и да се развиваат. Спортувањето и зголемена физичка активност, придонесува за концентрација и подобри резултати во учењето. Со цел здрави и со поголема концентрација ученици, се вложува во спортската училишна инфраструктура, се подобрува постоечката, а каде што има потреба се гради нова. Владата на ВМРО-ДПМНЕ вложува во спортската инфраструктура на образовниот систем, во следните три години ќе се градат нови 28 училишни спортски сали во различни општини, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ во писмено соопштение испратено до медиумите.

Согласно планот, се предвидува активностите да започнат годинава и до крај на 2027 ќе бидат завршени сите објекти, за што ќе бидат вложени околу 560 милиони денари.

Моментално во завршен процес на изградба е новата училишна спортска сала во ООУ „Кочо Рацин“ во населено место Огњанци, општина Петровец во вредност од 19 милиони денари. До крај на месецов салата ќе биде целосно завршена, а од септември во новата учебна година учениците ќе вежбаат и спортуваат во модерни и современи услови.

Нова спортска сала се гради и во рамки на основното училиште „Наум Охридски“ во с. Булачани, општина Гази Баба. Станува збор за инвестиција во вредност од 26 милиони денари, која во моментов е половина реализирани која се простира на површина од 543 квадратни метри.

Нови спортски сали до крајот на годинава ќе добијат скопските училишта „Гоце Делчев“ и „Кузман Јосифовски Питу“ во Кисела Вода.

Владата сериозно се посветува на младите, континуирано вложувајќи во подобри, современи и квалитетни услови за настава и спортување на секој ученик, стои во соопштението на владејачката партија.

 
12.08.2025 - 10:37

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега