ВМРО-ДПМНЕ: На антимакедонската СДС и дезертерот Ковачевски во џеб им се обвинителство и МВР

СДС само ги интересира провизијата на Арсовска, која ја штитат две недели. Тие не кажуваат ниту збор за турскиот фаворит на Арсовска кого СДС го прикрива, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Еднинствено што штити СДС се провизиите на Данела Арсовска и турскиот фаворит, е фактот што договорот за пречистителна станица заемот е потпишан од владата на Заев и Нина Ангеловска и претходниот директор Душко Весковски. СДС е на власт 6 та година, во џеб им се обвинителство и МВР, зошто нема епилог ако има криминал или не си ја работат работата или се неспособни“, соопштија од партијата.

Од партијата тврдат дека Христијан Мицкоски е жртва на негативна и лажна кампања.

„Мицкоски е жртва на лажна кампања затоа што власта на дезертерот Ковачевски и антимакедонската СДС е загрозена. Дека кампањата против Мицкоски е лага потврди ЕИБ која кажа дека сите постапки се чисти. Финансиската полиција да истражи од каде им се над 100 илјади евра во време на криза да трошат на билборди, флаери и реклами“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

26.09.2022 - 14:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега