ВМРО-ДПМНЕ: Хибридниот режим на Заев овие три години не сработи ништо за граѓаните

Во ветувањата на Заев за подобар живот на граѓаните веќе ни во СДСМ не веруваат, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Заев.

„Тој и СДСМ три години беа фрлени максимално на криминал, рекет и корупција. Зоран Заев е човекот кој е на чело на октоподот во Македонија. Случајот со контроверзниот бизнисмен Дака кој тврди дека дал 300 000 евра за да му се продаде ШИК Јелак е само последен од низата корупциски скандали. Тука се и снопчињата пари кои Ден Дончев ги реди во торбата, случајот со адвокатот Димишков кој правдата ја тргуваше со 4,6,8 милиони евра,  но и признанието на Јовановски дека рекетираните пари во Македонија на крајот завршувале кај Зоран и Вице Заеви.

Хибридниот режим на Заев овие три години не сработи ништо за граѓаните. Нема ништо од ветувањата од минатите избори за 600 километри автопат, 500 евра просечна плата, 100 илјади денари плата за лекарите, студентски градови во Скопје, Тетово, Штип и Битола, бесплатно здравство, па така нема да биде ништо и од овие кули и градови кои сега Заев ги ветува. Граѓаните тоа го знаат и затоа ќе изгуби катастрофално на изборите.

СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!“ стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.06.2020 - 13:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега