ВМРО-ДПМНЕ: Државата е оставена без пилоти и со стари возила и технички средства

СДС пироманска, камен на камен не оставија, државата е оставена без пилоти и со стари возила и технички средства, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„7 години двата авиони за гаснење на пожари беа вон функција и без пилоти, тоа ВМРО-ДПМНЕ го промени.

7 години СДС не инвестираше во возила за гаснење на пожари и во технички средства.

7 години, секое лето државата се пеплосуваше, а СДС не мрдна со прст. Кога беа најголемите пожари, државата доби помош дури од Австрија, а Заев како премиер се сончаше и не дојде во Македонија.

СДС ја донесоа државата до раб.

ВМРО-ДПМНЕ сега од ништо прави нешто, ја крева државата од пепелта во која ја оставија СДС“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

16.07.2024 - 15:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега