Се чистат остатоците од пожарот што го зафати Кавадарци, објави градоначалникот Јанчев

Се расчистува во фабриката што ја зафати пожар во Кавадарци, соопшти попладнево кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев на фејсбук со фотографија на која тој носи специјална маска за заштита од штетните гасови.

„Денот е резервиран за расчистување на остатоците од огнените стихии во фабриката Ником, во која изби сериозен пожар со кој службите се бореа цела ноќ. На терен работат ЈП Комуналец, ТППЕ Кавадарци и општествено одговорните фирми АС Машини, Градба Промет, Кожувчанка, сопствениците на фабриката и секако градоначалникот Митко Јанчев. Кавадарчани сплотени, како и секогаш“, напиша Јанчев.

Вчера од ЦУК соопштија дека ноќта во четврток кон петок, избувнал пожар на објект – Ником ДОО Кавадарци, фабрика за дрвена амбалажа. Пожарот бил локализиран.

„Поради горливиот материјал пожарот бил голем и го зафатил целиот објект. Има голема материјална штета“, информираа од ЦУК.

 
24.08.2024 - 15:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега