Полицијата приведе скопјанец поради подметнат пожар во Ѓорче Петров

 

Вечерва (07.07.2025) полициски службеници од СВР Скопје на територија на Ѓорче Петров го лишија од слобода Д. Н. (57) од Скопје поради основи на сомнение дека околу 21.40 часот подметнал пожар односно запалил сува трева во тревникот на ул. “Стево Црвенковски” во Ѓорче Петров. Д.Н. бил забележан од граѓанин, кој пријави во СВР Скопје, а полициски службеници веднаш преземаа мерки и активности и сторителот е лишен од слобода. По документирање на случајот, против Д.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава.

07.07.2025 - 23:02

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега