Петрушевски: СДС да каже дали еден од приведените за убиството кај Мавровка го пуштиле да избега од затвор за да им работи за избори?

СДС да каже дали еден од приведените за убиството кај Мавровка го пуштиле да избега од затвор за да им работи за избори? За да го скријат ова расфрлаат ли пердуви?, праша преку денешната прес конференција партеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

Е.К. еден од приведените за убиството кај Мавровка избегал од Идризово на 15.04.2024 година, 3 недели пред парламентарните избори.

СДС да каже дали го пуштиле од затвор сега веќе приведениот за убиство со цел партиски да го ангажираат?

Дали СДС расфрлаше пердуви и правеше сценарија рамни на научна фантастика за бегството на Блерим Рамадани, кои исто тие го овозможија за да го сокрие ова?

Срамота е на кое дереџе се симна СДС. Прикрива приведени за убиство и спасува судија измеќар на ДУИ како Пајазит Пајазити.

Од СДС да кажат и да не молчат.

Хаосот и безредието се плод на неспособноста и криминалот на СДС. Одговорност ќе има, се ќе излезе на виделина, затоа и стравот им е голем, рече Петрушевски.

24.08.2024 - 12:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега