ВМРО-ДПМНЕ: Браќата на Филипче и Заев се партнери во бизнис, по брза постапка направиле соларна централа во време на СДС


Браќата на Филипче и Заев се партнери во бизнис, по брза постапка направиле соларна централа во време на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ. 
 

„1.5 мегавати е соларната централа која Никола Филипче, брат на Венко и Вице Заев, брат на Зоран ја направиле во Дојран. 

За да ја направат соларната централа браќата на Филипче и Заев требале да го пренаменат и земјиштето, како и да добијат одобрение за градба потоа, сетоа тоа го завршиле во законски минимални рокови.  

Кога се работело за Филипче и Заев институциите водени од нив трчале низ процедурите.  

Овој бизнис на браќата на Филипче и Заев е тежок четврт милион евра годишно. За да го остварат овој бизнис тие неколку пати требало да добијат позитивни мислења од државните органи со кои управувале нивните браќа.  

И Филипче и Заев и нивните семејства се богателе додека биле на властзатоа велиме дека оставиле ограбена држава“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. 

07.09.2024 - 10:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега