ВМРО-ДПМНЕ: Аврамовска Мадиќ и Филипче се продолжена рака на Заев, кој сè уште ја води СДС
Неврохирургот на Заев, Венко Филипче и поранешната претседателка на Сорос во Македонија, Викторија Аврамовска Мадиќ не можат да бидат новите лица на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„И двајцата се продолжена рака на Зоран Заев, кој сè уште ја води СДС.
Аврамовска Мадиќ избраната од пред некој ден заменичка на неврохирургот на Заев, Филипче, ja интересираат само големи месечни хонорари и е специјалист за местење и добивање државни тендери.
Додека Аврамовска Мадиќ била државен функционер, односно секретар во Град Скопје, фирмата на нејзиниот зет доби тендер од градот за набавка на противпожарна скала во вредност од 1,7 милиони евра.
А иста таква противпожарна скала, градската управа на Загреб ја набавила за 800 илјади евра. Што значи дека во периодот кога Аврамовска Мадиќ е секретар во Град Скопје, преку фирмата на зетот, градска каса ја оштетиле за 900 илјади евра.
Фирмата на зетот на Аврамовска Мадиќ во време на владеење на СДС добивал и други тендери, чијашто вредност надминува четири милиони евра.
Од државните институции од кои добивала најмногу тендери се министерството за одбрана, МЕПСО, АД ГА МА, дирекција за заштита и спасување, Град Скопје.
Аврамовска Мадиќ и Венко Филипче се лица добро познати на македонската општествена јавност и за жал, по ништо добро, туку само по криминал, корупција и матни зделки“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа