ВМРО: Апасиев е новиот Артан Груби
Новиот Артан Груби е Димче Апасиев. Ова денеска го велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение за јавноста.
- Ќе потсетиме дека деловниот објект кој семејството Груби го стекнало за околу 100 илјади евра, односно по помалку од 650 евра за квадрат, самата банка која му го доделила кредитот го проценила истиот локал за 200.000 евра. Од друга страна Димче Апасиев исто како и Груби купува деловни простории по багателна цена. Имено, опозициската Левица купила имот во центарот на градот од 409 метри квадратни на Адвокатска улица, кој е купен со договор во ноември минатата 2024 година за цена од 295.000 евра со ДДВ. Тоа значи дека, согласно овој договор, овој објект Левица на Апасиев го купила за 721 евро за метар квадратен. Додека пак цената која Град Скопје им ја пресметал за овој објект е 1.150 евра по метар квадратен, а данокот којшто партијата Левица го платила за купувањето на овој објект е во вредност од 739.285 денари. Освен тоа што Димче има мерак како Артан да купува деловни објекти по центарот на Скопје, втората заедничка карактеристика е што сакаат да купуваат за џабе, велат од владејачката партија.
Трговецот Димче Апасиев е новиот Артан Груби. Левица не е ништо друго туку спаринг партнер од истото криминално лице за ДУИ СДС, додаваат од партијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа