ВЛЕН: Нема ткаенина која ќе го покрие срамот на ДУИ

 

Сите патишта на ова раководство на ДУИ водат кон Груевски и Сашо Мијалков. Ратко Капушевски, поранешниот кадар на Груевски за директор на СЦ Борис Трајковски, како играч на Самсоненко и Мијалков станува играч во бизнисот со нафта и се ортачува со синот на Исмаил Јахоски алијас Пуцко Петрол, човекот од највисока доверба на Али Ахмети. Ова денеска го велат од ВЛЕН.

- Со акција на МВР овој режимски картел се неофицијално се сомничи за испумпување на 10 милијарди денари преку фиктивни договори чиј предмет е штетен за воздухот и отровен мазут. Но ова не е само криминал! Ова е и лага! Наводната „деалбанизација“ со која измамнички манипулира ДУИ е само параван за нивниот страв од правосудна одговорност! Оваа партија нема веќе што да скрие од народот! Се покажаа голи пред Албанците и целосно го изгубија кредибилитетот! Нема веќе ткаенина која може да го покрие нивниот срам! Една од последните епизоди на очајниците се заканите за политичка криза и бојкот, велат тие.

Велат станува целосно легитимно прашањето дали зад ова сценарио на ДУИ всушност се кријат Груевски и Мијалков?

11.03.2025 - 11:23

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега