Владиката Петар: Да не ве интересира кој ќе ја финансира телевизијата

 

Владиката Петар одби да одговори кој ќе ја финансира телевизијата која ќе почне да зрачи од први мај. Тој откри дека 50 отсто од програмата ќе биде со забавен каракктер, 30 отсто со образован документарен, дека ќе има и политичка содржина. Сепак осетливо реагираше на прашањата од каде ќе набави средства за функционирање на телевизијата.

 

-Тоа да не го интересира никого, ниту мене ме интересира кој вас ве финасира. Битно е дека се чисти пари се, не се перени. Не сакам да се мешам никому во егзистенцијата и начинот на кој си ја уредува телевизија, ни мене да не ми се мешаат, луѓето свој леб јадат, туѓо гајле берат, изјави владиката во интервју за Телма.

24.04.2023 - 20:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега