Падна Ратко Капушевски
Падна Ратко Капушевски. Попладнево е уапсен бизнисменот, но и поранешен директор на спортскиот центар Борис Трајковски, пренесоа повеќе медиуми.
Неофицијално, Капушевски е приведен од неговиот дом, каде полицијата и натаму врши претрес.
„Одделот за сузбивање организиран криминал и корупција при Бирото за јавна безбедност (БЈБ), МВР, во координација со ОЈО за ГОКК, по наредба на судија на претходна постапка врши претреси на локации во Скопје и низ државата во врска со сторени кривични дела поврзани со сомнителна набавка на деривати, штета од големи размери на буџетот на државата и штета врз здравјето на луѓето“, велат од полицијата, без да откријат повеќе детали.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа