Ифтар ги спои Мицкоски и Филипче

 

Иако ги делат пет лица меѓу нив, поради Ифтар сепак се споија лидерите на двете најголеми партии во Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на СДСМ Венко Филипче се фотографирани вечерва заедно како седат на иста маса, заедно на ифтарска вечера.

Фотографијата на објави на ФБ премиерот Мицкоски.

„Денес присуствував на ифтарска вечера. Ваквите собири се потсетник дека вистинските вредности лежат во солидарноста, човечноста и почитта кон различностите што не зближуваат“, напиша премиерот на ФБ.

10.03.2025 - 21:45

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега