Владата направи корекција : Лутеницата, цвеклото, фефероните, бебешките каши, чаевите остануваат да се даночат со 5 отсто ДДВ

 

Владата ја донесе најавената одлука за повластена стапка на ДДВ од 5% за дел од основните прехранбени производи.

-Меѓу нив се и производите како урдата, замрзнато тесто, бебешки каши и адаптирано млеко за доенчиња, одредени видови кашкавали како растителниот кашкавал, лутеница, хербални чаеви, бибер, црвен пипер, вафли и наполитанки, конзервирано цвекло, феферони, што со одлуката се прецизира дека се оданочуваат со повластената стапка на ДДВ од 5%. На седницата е потенцирано дека целата човечка исхрана се оданочува со повластена стапка на ДДВ, а најголем дел од човечката исхрана се оданочува со најниска повластена стапка од 5%, велат од прес-службата на Владата.

Денешната владина одлука влегува во сила со денот на објавувањето во Службен весник, а е предвидено да се применува од 13 октомври 2023 година.

10.10.2023 - 17:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега