Влада одлучи: Здравство, Финансии И ФЗО да најдат решение како да набават терапија за пациентите со Цистична фиброза
По притисокот од јавноста и протестите на пациентите со Цистичка фиброза владата попушти. На денешната 122 седница, владините претставници се договориле да се бара решение како лековите да се набават.
-Владата ја разгледа Информација од Министерството за здравство за потребата од обезбедување дополнителни финансиски средства за ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести Скопје, зa набавка на терапија за пациентите со Цистична фиброза. Заклучено е Министерството за финансии, Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување да одржат координативен состанок, со цел доставување предлог решение, велат од владината прес-служба.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа