„Вива Фреш“ го купува „Тинекс“ за 90 милиони евра?
Порталот „Shqipmedia“, пренесува дека малопродажниот гигнат „Вива Фреш“ Косово, постигнал договор со „Тинекс“, во сопственост на семејството Владимир Тодоровиќ да го купи македонскиот трговски синџир.
Како што наведува порталот, вредноста на купопродажниот договор е некаде околу 90 милиони евра, а пак продажбата се очекува да биде реализирана во текот на следните денови.
„Вива Фреш“ го поседува и синџирот супермаркети „Кит Го“, од минатата година. Со купувањето на компанијата Тинекс, „Вива Фреш“ ќе биде лидер во продажбата на мало во Македонија.
Порталот Фактор пренесува дека го исконтактирал директорот на „Вива Фреш“ за Македонија, Беким Беќири којшто пак ги демантирал овие инфорамции.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа