(ВИДЕО) Тепачка во косовскиот парламент: Курти полеан со вода
На денешната седница на косовското Собрание дојде до физичка пресметка меѓу претставници на владејачката Самоопределување и претставници на опозициските партии.
Инцидентот се случил за време на говорот на премиерот Албин Курти, известуваат приштинските медиуми.
Додека траела седницата Курти бил полеан со вода и веднаш почнале да се собираат пратеници, по што настанала тепачка, информираат медиумите.
Претседателот на Собранието Гљаук Коњуфца побарал интевренција од полицијата .
13.07.2023 - 12:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа